Како дел од планираните активности по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Македонија, во периодот од 20-ти до 26-ти август 2021 година ќе биде реализирана културна манифестација именувана како „Филмска култура“.

Домаќини на овој настан ќе бидат Тетово (20-22. август), Битола (20-22. август) и Скопје (22, 25, 26. август) во чии рамки ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонската продукција.

Веќе е позната филмската програма за овој настан. Таа ќе биде сочинета од следниве долгометражни филмови: Хомо (2021), Летечкиот циркус (2019), Кобра (2018), Три дена во септември (2015), Татко (2015) и Соба со пијано (2013). Краткометражни филмови се: Љубовникот (2018), Камена градина (2018), Види ја ти неа (2017), Црвената соба (2016) и Намини бар еднаш (2013).

Како дел од планираните активности по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Северна Македонија, во периодот од 20. до 26. август 2021 година, ќе биде реализирана културна манифестација именувана како „ФИЛМСКА КУЛТУРА“.

За време на манифестацијата ќе биде одржана и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“ каде акцентот ќе биде ставен на интеркултурната димензија и универзалниот јазик на филмската уметност. Како дополнителна програма ќе бидат одржани и три концерти, во секој град, насловени „Филмот може да се слуша“, во чии рамки ќе биде интерпретирана филмска музика.

– Денес, кога се пребројуваат и се апсолвираат сите премрежија, транзиции, успеси и падови и се слави 30. годишнината од независноста, исклучително е важно да се обрне внимание на културата, односно да се евалуира создаденото. Не е нескромно ако се каже дека техничкиот и креативниот развој на филмот, денес е со највидливи резултати од сите области на културата. Затоа, владината поддршка на настанот „Филмска култура“ е особено важна за граѓаните, за афирмација на нашите културолошки вредности, и за филмската уметност. Во три града, во три дена ќе се слави модерната кинематографија, но и ќе се потсетиме на развојниот синеастички пат, на авторите кои се дел од оваа значајна тридецениска историја, изјави Томи Салковски, Продуцент.

Посетителите ќе можат да ги проследат настаните на следните локации: „Центар за култура “ Тетово, „Центар за култура“ Битола и Кинотека на Северна Македонија – Летно Кино „Мирно лето“ во Скопје. Културната манифестација „Филмска култура“ ќе биде организирана според сите пропишани протоколи за заштита од Ковид-19.

Во продолжение ви претставуваме повеќе информации за филмската култура.

Во селекција на долгометражните филмови се:

ХОМО (2021)

Земја: Северна Македонија, Србија, Бугарија, Косово и Словенија / Времетраење: 90 мин. / Јазик: Македонски,
Албански, Бугарски
Што е тоа човек? ХОМО прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани
епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во
модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа.
Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица –
монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа
дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.

Режија Игор ИВАНОВ; Сценарио Игор ИВАНОВ и Сашо КОКАЛАНОВ; Кинематографер Маја
РАДОШЕВИЌ; Монтажа Мартин ИВАНОВ; Дизајн на звук Борис ТРАЈАНОВ; Сценограф Кирил СПАСЕСКИ;
Костимограф Полонца ВАЛЕНТИНЧИЌ; Шминка Аленка НАХТИГАЛ
УЛОГИ: Александар МАТОВСКИ – ЦАКО, Наташа ПЕТРОВИЌ, Игор АНГЕЛОВ, Јордан СИМОНОВ,
Мајлинда КОСУМОВИЌ, Сашко КОЦЕВ, Оливер МИТКОВСКИ, Сергеј ДИМОВСКИ
Продукциска куќа: Скопје Филм Студио MKD
Копродукциска куќа: Арт енд попкорн SRB, Гала Филм BGR, Триггер KOS, Иридиум Филм SVN
Продуцент: Томи САЛКОВСКИ
Копродуценти: Мирослав МОГОРОВИЌ, Галина ТОНЕВА, Лумбард КУКАЈ, Бојан МАСТИЛОВИЌ

ЛЕТЕЧКИОТ ЦИРКУС (2019)

Земја: Косово, Македонија / Времетраење: 115 мин. / Јазик: Албански
Четири комичари заглавени во трагедија. Група на актери од Косово ги надминуваат
ризиците од нелегално преминување на границата кон Албанија, со надеж дека ќе го
сретнат својот идол Мајкл Палин од Монти Пајтон.
Сценарио и режија Фатос БЕРИША; Кинематографер Алмир ЏИКОЛИ; Музика Огњен АНАСТАСОВСКИ;
Дизајн на звук Игор ПОПОВСКИ; Монтажа Владимир ПАВЛОВСКИ; Сценограф Арбен ШАЛА;
Костимограф Десантила ЛИКА; Шминка Жан ДУЕ
УЛОГИ: Арменд Смајли, Тристан Халилај, Африм Мучај, Шпетим Селмани, Велибор Топиќ

Продукциска куќа: Б2 Филм Косово
Копродукциски куќи: Црна Мачка Продукција MKD, Иконе Студио Косово
Продуцент: Вјоса БЕРИША
Копродуценти: Кристијан БУРОВСКИ, Томи САЛКОВСКИ, Валон БАЈГОРА, Агон УКА

КОБРА (2018)

Земја: Македонија / Јазик: Македонски, Албански, Турски, Руски / Времетраење: 55 мин.
Трогателна приказна за легендата на боречкиот спорт Шабан Трстена, единствениот
спортист од Македонија кој освоил олимписко злато. Поради непознати причини,
неговиот успех никогаш не бил признаен од политичките авторитети и општеството.
Режисер Игор ИВАНОВ; Сценаристи Игор ИВАНОВ, Сашко НАСЕВ, Томи САЛКОВСКИ; Кинематографери Томи
САЛКОВСКИ, Драган САЛКОВСКИ, Сашо ДОКОВСКИ, Монтажери Дејан СМИЛЕСКИ, Владимир ПАВЛОВСКИ,
Илустрации Игор ТОШЕВСКИ, Автор на музика Томи Мичевиќ, Дизајнер на звук Игор ПОПОВСКИ, Извршен
продуцент Димитар МИНОВ
Продукциска куќа: Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Томи САЛКОВСКИ

ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ (2015)

Земја: Македонија, Косово / Времетраење: 90 мин. / Јазик: Македонски, Албански
Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното
детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се
додека не сѐ појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските
намери нa двете жени.
Режија Даријан ПЕЈОВСКИ; Сценарио Даријан ПЕЈОВСКИ и Игор ИВАНОВ; Кинематографер Димо
ПОПОВ; Музика Александар ПЕЈОВСКИ; Дизајн на звук Игор ПОПОВСКИ; Монтажа Владимир
ПАВЛОВСКИ; Сценограф Снежана ПОЊАВИЌ МУЧА; Костимограф Емилија ИВАНОВСКА АТАНАСОВСКА;
Шминка Симона РИСТЕВСКА
УЛОГИ: Ирена РИСТИЌ, Камка ТОЦИНОВСКИ, Адем КАРАГА, Милица СТОЈАНОВА, Салаетин БИЛАЛ
Продукциска куќа: Скопје Филм Студио MKD
Копродукциска куќа: Иконе Студио Косово
Продуцент: Томи САЛКОВСКИ
Копродуценти: Валон БАЈГОРА, Јил УКА

ТАТКО (2015)

Земја: Германија, Косово, Македонија / Времетраење: 104 мин. / Јазик: Албански, Германски, Српски, Англиски
Десетгодишниот Нори и неговиот татко Гезим шетаат низ улиците на Косово.
Продаваат цигари и едвај заработуваат за живот. Само неколку години по падот на
Берлинскиот ѕид, Гезим се упатува на запад во Германија во потрага по нов живот,
оставајќи го својот син зад себе. Чувствувајќи се напуштен и очаен за чувство на
сигурност, Нори тргнува на опасно патување во Германија, во потрага по неговиот
татко. Неговата одлучност и истрајност мора да се доволни за да го водат…

Сценарио и режија Висар МОРИНА; Кинематографер Матео КОКО; Композитор Бенедикт ШИФЕР;
Дизајн на звук Игор ПОПОВСКИ; Монтажа Стефан СТАБЕНОВ, Ане ФАБИНИ и Маја ТЕНСТЕД; Сценограф
Јута ФРЕЈЕР; Костимограф Геновева КИЛБУРГ; Шминка Астрид ВЕБЕР
УЛОГИ: Вал МАЛОКУ, Астрит КАБАШИ, Адриана МАТОШИ, Енвер ПЕТРОВЦИ, Џевдет ЈАШАРИ, Арменд
ИСМАЈЛИ, Аријета АЈЕТИ, Албан УКАЈ
Продукциска куќа: НиКо Филм DEU
Копродукциски куќи: Круша Продуксиони Косово; Скопје Филм Студио MKD, О Вив Продакшн FRA
Продуцент: Никол ГЕРХАРДС
Копродуценти: Висар КРУША, Томи САЛКОВСКИ и Ксенија МЕИНГО

СОБА СО ПИЈАНО (2013)

Земја: Македонија / Времетраење: 103 мин. / Јазик: Македонски, Турски, Германски, Српско-хрватски, Руски,
Еврејски, Англиски
Соба со пијано е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена
локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето
постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа
единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја
живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се.
Режија Игор ИВАНОВ; Сценарио Жанина МИРЧЕВСКА и Игор ИВАНОВ; Кинематографер Томи
САЛКОВСКИ; Композитор на оригинална музика Чили ГОНЗАЛЕС; Монтажа Владимир ПАВЛОВСКИ;
Сценограф Миленко ЈЕРЕМИЌ; Костимограф Елена ДОНЧЕВА; Шминка Ана БУЛАЈИЌ ЧРЧЕК
УЛОГИ: Наташа ПЕТРОВИЌ, Јовица МИХАЈЛОВСКИ, Светозар ЦВЕТКОВИЌ, Васил ЗАФИРЧЕВ, Игор
СТОЈЧЕВСКИ, Симона СПИРОВСКА, Торстен ВОГЕШ, Ива КРАЈНЦ, Дениз АБДУЛА, Фирдаус НЕБИ, Јгода
КУМРИЌ, Невена РИСТИЌ со Тони ПАЛМЕР, Мајк САРН и Ханес ВЕГЕНЕР
Продукциска куќа: Скопје Филм Студио MKD
Партнери: Рестарт Продукција SVN и Ај то Ај SRB
Продуцент: Томи Салковски

Во селекција на краткометражни филмови се:

ЉУБОВНИКОТ (2018)
Земја: Македонија / Времетраење: 8 мин./ Нем филм
Пропаднат циркуски изведувач успева да ја врати љубената и да ја одвлече од
прегратките на нејзиниот нов љубовник, користејќи ги акробатските вештини во кои
таа некогаш се заљубила.

Сценарио и режија Игор ИВАНОВ; Фотографија Драган САЛКОВСКИ, Дејан ДИМЕСКИ, Томи
САЛКОВСКИ; Монтажа Владимир ПАВЛОВСКИ, Сценографија Игор ТОШЕВСКИ; Костимографија Емилија
И. АТАНАСОВСКА; Шминка: Ирена СЕНОКОЗЛИОСКА
УЛОГИ: Наталија ТЕОДОСИЕВА, Игор АНГЕЛОВ, Сашо ПЕТРОВСКИ – ЅУЉО
Продукциска куќа: Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Томи САЛКОВСКИ

КАМЕНА ГРАДИНА (2018)

Документарен филм / Земја: Македонија / Времетраење: 13 мин.
Eкпериментален документарен филм, посветен на Старата скопска чаршија. Во едно
деноноќие, преку неколку занаетчии, го следиме нивното секојдневие, разноликоста на
културите и богатата историја, на единственото место во градот Скопје, кое низ
вековите го задржало својот автентичен изглед.
Сценарист и режисер Даријан ПЕЈОВСКИ; Кинематографер Дејан ДИМЕСКИ; Монтажа Дејан СМИЛЕСКИ
Продукциска куќа: Црна Мачка Продукција MKD и Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Кристијан БУРОВСКИ, Димитар МИНОВ, Томи САЛКОВСКИ

ВИДИ ЈА ТИ НЕА (2017)
Земја: Македонија / Времетраење: 19 мин. / Јазик: Maкедонски
Соочена со проблеми дома и на училиште, Анета планира да ги реши сите скокајќи по
крстот за Водици.
Сценарио и режија Горан СТОЛЕВСКИ; Кинематографер Наум ДОКСЕВСКИ; Дизајн на звук Братислав
ЗАФИРОВСКИ; Монтажа Горан СТОЛЕВСКИ, Супервизор на постпродукција Владимир ПАВЛОВСКИ;
Сценограф Влатко ЧАЧОРОВСКИ; Костимограф Жаклина КРСТЕВСКА; Шминка Наталија КАЈЕВСКА
УЛОГИ: Сара КЛИМОВСКА, Игор АНГЕЛОВ, Симон МАНАСКОВСКИ, Милица СТОЈАНОВА, Горан ИЛИЌ,
Изабела НОВОТНИ, Пируника КИСЕЛИЧКА, Жарко ЈОВАНОВИЌ, Антонија БЕЛАЗЕЛКОСКА, Иво АНТОВ
ЛАРССОН, Виктор АРСОВ
Продукциска куќа: Црна Мачка Продукција MKD
Копродукцискa куќa: Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Кристијан БУРОВСКИ и Димитар МИНОВ
Копродуцент: Томи САЛКОВСКИ

ЦРВЕНАТА СОБА (2016)
Земја: Македонија / Времетраење: 20 мин. / Јазик: Maкедонски
Никола е пензиониран наставник по математика кој живее тивок и повлечен живот,
сосема сам, опкружен само со своите мачки на кои им го посветува целото свое
внимание.Сакајќи да побегне од тишината која секојдневно го убива решава дека е крајно
време да направи храбар чекор напред кој ќе му ја смени иднината и ќе му овозможи барем

последните години од животот да ги проживее на достоинствен начин со некој кој ќе се
грижи за него и ќе му ги даде потребните љубов и внимание.Па така Никола сосема
несвесно се впушта во еден добро искреиран медиумски лавиринт во формат на популарно
ТВ шоу наречено ЉУБОВ ЗА СИТЕ – чиј концепт е да се помогне на осамените луѓе да си
најдат животен партнер.Опиен од гламурот и магијата на шоуто, Никола се чувтвува
како тв звезда, конечно го добива вниманието кое толку го посакува.Но всушност
станува жртва на медиумската манипулација која само за да си го
обезбеди посакуваното ниво на гледаност и да профитира, искористува и бесрамно си
игра и со најдлабоките емоции, желби и пориви на луѓето. На нејзината сцена тие се
обични марионети, учесници во една добро изрежирана бајка.
Сценарио и режија Косара МИТИЌ; Кинематографер Дејан ДИМЕСКИ; Дизајн на звук Игор ПОПОВСКИ;
Монтажа Владимир ПАВЛОВСКИ; Сценограф Кирил СПАСЕСКИ; Костимограф Емилија И. АТАНАСОВСКА;
Шминка Наталија КАЈЕВСКА
Улоги: Диме ИЛИЕВ; Силвија СТОЈАНОВСКА; Марија КОНДОВСКА; Горан ИЛИЌ; Пепи МИРЧЕВСКИ;
Мони ДАМЕВСКИ; Сашко КОЦЕВ и Славиша КАЈЕВСКИ
Продукциска куќа: Црна Мачка Продукција MKD
Копродукцискa куќa: Скопје Филм Студио MKD
Продуцент: Кристијан БУРОВСКИ и Димитар МИНОВ
Копродуцент: Томи САЛКОВСКИ
Продуцент соработник: Атанас КИРОВСКИ

НАМИНИ БАР ЕДНАШ (2013)
Земја: Македонија / Времетраење: 15 мин. / Јазик: Македонски
Таа вечер одговорна за драгсторот е Еми, млада девојка, продавачка, енормно дебела и со
старински стил на облекување. Додека таа, како и секоја друга вечер, љубезно ги услужува
купувачите во доцните часови, ни оддалеку не ја насетува опасноста во која се наоѓа.
Сценарио и режија Косара МИТИЌ; Кинематографер Ѓорги КЛИНЧАРОВ; Монтажа Владимир
ПАВЛОВСКИ; Сценограф Крсте ЏИДРОВ; Костимограф Жаклина КРСТЕВСКА; Шминка Жанета
ДИМИТРИЕВСКА; Музика Виктор ГАЈТАНОСКИ
УЛОГИ: Кристина ЛЕЛОВАЦ, Славиша КАЈЕВСКИ, Оливер МИТКОВСКИ, Александар МИКИЌ, Драгана
ЛЕВЕНСКА