Како дел од планираните активности по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Македонија, во периодот од 20-ти до 26-ти август 2021 година ќе биде реализирана културна манифестација именувана како „Филмска култура“.
Домаќини на овој настан ќе бидат Тетово (20-22. август), Битола (20-22. август) и Скопје (22, 25, 26. август) во чии рамки ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонската продукција.
Повеќе информации може да добиете од соопштението и програмата во прилог.