Финансиската полиција со претрес кај Пеце Мирчески
Управата за финансиска полиција денеска (5 февруари) спроведува претрес во домот на поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески, дознава Радио Слободна Европа.
Координирана акција со Обвинителството
Претресот е дел од заедничка акција помеѓу Управата за финансиска полиција и Обвинителството, насочена кон прибирање докази во истрага за финансиски малверзации.
ОЈО: Се истражуваат повеќе кривични дела
Од Основното јавно обвинителство кусо информираа дека, во соработка со Финансиската полиција, преземаат мерки за обезбедување докази во предмет поврзан со повеќе кривични дела, меѓу кои:
- примање поткуп
- давање поткуп
- проневера во службата
- несовесно работење
„Во тек се претреси на одредени локации во Скопје, кои се спроведуваат согласно наредба издадена од судија во претходна постапка. Покрај тоа, се преземаат и дополнителни активности во рамки на истрагата“ – соопштуваат од ОЈО.
Петмесечна истрага за финансиски злоупотреби
Според извори блиски до истрагата, кои зборуваа за Радио Слободна Европа, истражните органи се фокусираат на финансиски злоупотреби во времето кога Пеце Мирчески беше на чело на СОЗР. Неговото управување со институцијата е предмет на детална проверка од страна на Финансиската полиција во изминатите пет месеци.
Кој е Пеце Мирчески?
Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година. Покрај оваа функција, тој беше и претседавач на Централниот одбор на СДСМ.
Останата акција на МВР
Во меѓувреме, утрово Министерството за внатрешни работи изврши голема полициска акција внатре во своите редови. Освен акцијата за Пеце Мирчески, двете акции утрово се спроведуваат под палка на Тошковски. Повеќе може да погледнете во продолжние.
Останува да видиме кој ќе биде епилогот од овие акции. Има сомнежи за финансиски криминал