-Вистина е дека утринава имавме претрес во дом во Скопје, но не сме знаеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот Јован Јаулески, велат за „Слободен печат” од Управата за финансова полиција.

– Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството на Северна Македонија додаваат од финансовата полиција.

Од Управата за финансиска полиција велат дека наскоро ќе излезат со официјално соопштение за случајот и додаваат дека станува збор за многу голем предмет. Теткото на Јаулески е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески објави дека рано утрово во домот на неговите родители влегле припадници на финансиската полиција и извршиле претрес.Тој за настанот информира на неговиот Фејсбук профил каде напиша „од 5.30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција”.