Условот за носење маски беше на сила од март годинава.
– Со отворањето на јавноста и отстранувањето на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови, се наведува во соопштението од ВР.
Патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.
Мислењето на клиентите се промени, наведуваат од компаниите. Според истражувањето на клиентите спроведено во септември, само 43 отсто од патниците сакале да користат маска за лице, во споредба со 58 отсто во август.