МВР демантира дека е загрозен безбедносниот систем, ама не демантира дека фирма на синот на Додик добила тендер.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обелодени дека МВР склучило тендер „тежок“ 1 милион евра за набавка на компјутери од фирма која наводно е на црна листа на САД.

Николоски во „Само интервју“, рече дека се работи за фирмата „Инфинити енерџи и ИТСС“, дел од групацијата „Инфинити интернешнал груп“ чија централа е во Бања Лука иво којадиректно е инволвиран синот на претседателот на Република Српска и член на претседателството на БиХ, Милорад Додик. Санкциите биле воведени на 5 јануари годинава а договорот за набавка на 1500 компјутери е склучен две недели подоцна, на 18 јануари.

Николоски стравува дека со склучената набавка се прави директна штета и закана за безбедносниот систем во земјава, но од МВР уверуваат дека биле запазени сите законски процедури. Компјутерите се уште не се инсталирани, а според информациите од МВР треба да бидат испорачни до 18 април.

-При евалуација на избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки. Сите услови и спецификации кои се побарани во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба. – велат од МВР.

Николоски е дециден дека самата набавка не е спорна, но спорно е што не се направени сите безбедносни проверки за земјата да се заштити од евентуален пробив на системот.

-Прво, МВР може да набавува и согласно таканаречениот член 7, тоа се класифицирани набавки каде што може да прави и селекција. Второ, доволно е, доколку ние ги споделуваме вредностите на ЕУ и НАТО да ставите во тендерот дека набавувачот треба да е компанија од земја-членка на НАТО и ЕУ. И трето, Македонија има институции чија што работа е ова да го истражуваат, вели Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прв тендер што „Инфинити енерџи“ го добил од државните органи. По воведување на санкциите, освен МВР договор според Николоски со фирмата склучиле и Министерството за финансии и МАРНЕТ.

Почнувајќи од април 2021 фирматасклучила и други договори за испорака на опрема, одржување на софтвер и добивање лиценци, пишува Канал 5.