Физички напад врз полицајци во Чаир – ги нападнале по претходен конфликт

На 05.08.2025 околу 23:30 часот во Чаир, по физички напад врз полицајци, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р. (54), Бе.Р. (24), Б.Р. (24) и 14-годишник, сите од Скопје.

Според пријавеното, околу 22:50 часот, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука. Потоа заминале од местото на настанот.

Откако биле пронајдени, двајцата браќа заедно со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници. По овој напад, сите биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.