Шефицата на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, од утре од Скопје започнува нова тура низ земјите од западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза.

Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската унија, најави портпаролот Ерик Мамер.

Претседателката од Скопје ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота.

Во Србија се очекува неизбежно претседателката да го повтори барањето на ЕУ Белград да усвои санкции против Русија.