Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ и Фон дер Лајен најпрво ќе имаат разговор лице в лице во Палатата Србија, а потоа и средба со членовите на двете делегации. Претседателот на Србија синоќа изјави дека во текот на денот ќе има разговори со претседателот на Европската комисија за сите важни прашања за Србија.

„Таа преноќува во Белград, а покрај официјалните разговори, ќе имаме и разговори потоа, приватно и ќе вечераме заедно. Ќе имаме многу време да разговараме за сите важни прашања за Србија. – изјави Вучиќ за ТВ Хепи.

Фон дер Лајен доаѓа во Белград како дел од четиридневната посета на Западен Балкан, која ја започна во неделата во Скопје, со цел да ги претстави деталите од Планот за раст на ЕУ за регионот. Таа вчера беше и во Приштина, каде на прес-конференција со претседателката на привремените институции на Приштина, Вјоса Османи, рече дека има нов инвестициски план кој функционира многу добро и дека успех може да се постигне само доколку Белград и Приштина нормализирање на нивните односи.

Фон дер Лајен претходно во Скопје се сретна со претседателот на Македонија, Стив Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, при што таа повтори дека ЕУ планира да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги постигнат реформите неопходни за интеграција во европскиот блок со инвестиција од шест милијарди евра. Во рамките на посетата на Западен Балкан, Фон дер Лајен претпладнево ќе ја посети Црна Гора, а утре Босна и Херцеговина.