Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство. Фондот за здравствено осигурување денеска ја формираше новата Првостепена комисија за лекување во странство. Комисијата ќе ја предводи д-р Игор Мерџановски од Клиничкиот центар. Комисијата ќе се состпи од седум членови и седум заменици.
Во составот на комисијата се стручњаци од различни области. Вклучувајќи ортопедија, педијатрија, неврохирургија и други специјалности кои се најчесто барани за лекување надвор од земјата.
Преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, годишно се финансира лекување на повеќе од 250 осигуреници во странство, што вклучува годишни трошоци од повеќе од 5 милиони евра.
Во соопштението, од ФЗОМ апелираат до осигурениците кои имаат потреба од лекување во странство, да се обратат до надлежните институции и да ги следат законските процедури, со цел навремено добивање соодветна здравствена заштита.
Осигуреното лице може да оствари болничко лекување во странство во случаи кога е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која се упатува постои можност за успешно лекување во таа заемја.
Постапката за упатување на лекување во странство се поведува по барање на осигуреното лице.
За малолетните лица и лицата лишени од деловна способност, барањето го поднесува родителот, посвоителот или старателот.
Барањето се поднесува до Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку подрачната служба во местото каде подносителот на барањето е пријавен во задолжително здравствено осигурување.
Извор: Република