На 22.04.2023 година се одржа Собрание на основачите на новото здружение на граѓани со име „Малешевци за Малешевијата“, кое ги усвои Актите за основање, Статутот, Програмата за работа и други одлуки за основање согасно позитивните законски одредби.
Како иницијатор на новото здружение кое е освежување за градот Берово, е великанот на македонската фармација, национален херој на душата и срцата на пациентите Благој Механџиски. Тој е проевропски настроен следејќи ги современите трендови, а како човек сепак традиционален. Личност која гине за својот сопствен народ и роден крај. Ги поседува сите есенцијални категории на хуманоста, и човек кој го развива брендот Зегин. Тој постојано истражува и може да се каже дека неговата методологија на успех се темели на сеопфатноста и како таков е иницијатор на оваа здружение кое има цели за развој на Малешевијата и враќање на стариот еснафски дух со кој се одликуваше малешевскиот крај и гордите Малешевци.
-Основна цел на Здружението „Малешевци за Малешевијата“ е поддршка и развојот на општеството, во кое социјално ранливи категории на граѓани се третираат еднакво во нивните права, за да ги подобриме економските, културни и образовни состојби. Исто така цел на Здружението е заеднички да ги вратиме малешевските граѓани кон корените и еснафскиот малешевски статус на регионот, од каде почнала мисијата на словенските просветители Св. Крил и Методиј – додаваат од здружението „Малешевци за Малешевијата“
Како примарна цел е да се вратибво живот Малешевијата , а како посебни цели и задачи на здружението се:
Еднаш годишно сите кои живеат надвор од родниот крај да се вратат во малешевијата;
Да се овозможи правна помош на сите кои во општествениот систем се обесправени;
Да се оствари поголема грижа за лицата со попреченост, со посебни здравствени потреби;
Да се подобри грижата за самци, бездомни лица и самохрани родители, а особено за маргинализираните и ранливи категории на граѓани;
Да се подигне на највисоко ниво заштитата на стари и изнемоштени лица;
Да се унапреди земјделството, да се зачуваат шумите и да се искористат шумските плодови за одржлив развој;
Да се зголеми постојниот стопански потенцијал и враќање на индустриските капацитети, занаетчиството земјоделските ресусрси кои се на работ на изумирање;
Да се овозможи поддршка на спортските и рекреативните здруженија кај младите лица, средношколците и старителица;
Да се промовираат туристичките потенцијали преку различни активности и проекти од домашна и меѓународна поддршка;
Да се организираат и да се учествува на семинари, предавања, симпозиуми, обуки, работилници, изложби, фестивали, јавни приредби, видео презентации, и други манифестации од областа на културата и традицијата;
Да се издаваат информативни материјали, книги, брошури, компакт-дискови филмови и други матерјали за културата, традицијата, обичаите, народните игри и песни, инструменти, носии и други уметнички манифестации;
Да се врши посредување во културата и да се организира музичка и сценска уметничка дејност;
Да се учествува на меѓународни настани и фестивалии и дасеспроведуваатзаедничкипроектизачленовите на здружението;
Да се покренат иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението;
Да се формираат тимови по области за имплементација на Стратешките документи на Здружението;
Организира и учествува во хуманитарни донации и настани;
Организирање на локални, регионални, национални и меѓународни фестивали и други настани и манифестации;
Упатуваме честитко до членовите на здружението и посакуваме успешна работа и реализација на нивните цели.