Форумот е дел од активностите што се организираат во рамки на проектот „EIT Food Start-Up Awareness Event”, финансиран од единицата на Европскиот институт за иновации и технологии (EIT Food), којa, пак, е поддржанa од ЕУ.
На Форумот ќе се обратат директорот на Земјоделскиот институт, Виктор Ѓамовски и координаторот на проектот, Деспина Поповска Стојанов. Ќе присуствуваат и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, Националната федерација на фармери, како и експерти од земјава и регионот.
-Неопходно е подигнување на свеста за сé поголемите негативни импликации од климатските промени и за потребата од користење нови и иновативни одржливи практики со цел адаптација на земјоделското производство, наведува Институтот.