За првпат по 16 години Али Ахмети седна на своето столче во Собранието кое се наоѓа во опозиција. Некогаш „семоќниот“ Али Ахмети кој е доскорешен партнер на СДСМ седна во опозицискиот дел во Собранието.
Али Ахмети и неговата ДУИ е во опозиција заедно со СДСМ и Левица. ДУИ на овие избори освои изедначен број на мандати со СДСМ, по 18 мандати. Една третина помалку има и Левица која е со 6 пратеници.
Досега ДУИ, партијата на Али Ахметиа само еднаш беше во опозиција од 2006 до 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со тогаш неговиот лут опонент, а сегашен изборен партнер ДПА.