Утрово е ангажиран хеликоптер од воздухопловниот ВИНГ на Армијата за гасење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, Дојран со хеликоптер Ми-8МТ.

-Беа реализирани 13 летови со воден товар, насочени кон критичните жаришта на теренот со испуштање на 2,5 тони вода, или вкупно 32,5 тони, соопшти Армијата.

Воздушните активности се одвиваа во временски интервал од 3 часа и 20 минути, под контролирани услови и согласно пропишаните стандарди за ваков тип интервенции.