Армијата на Македонија деноноќно е во првите редови на новонастанатите пожари што ја зафатија државава овој летен период.

Припадниците на инженерискиот баталјон на Армијата се рамо до рамо со отанатите учесници во гасење на пожарите во Велес.

Тие активно се вклучени во гасењето на пожарите во реонот на селата Крушје и Џидимирци кои се дел од општина Велес.