Запалено возилото на вицепремиерот Артан Груби, пишуваат медиумите на албански јазик. Оваа вест со молскавична брзина одекна во медиумите.

За запалаленото возило во Чаир потврди и Министерството за внатрешни работи од каде велат дека пожарот настанал околу 03:30 часот.

„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.

Сепак, извори на Прес24 за возилото за кое медиумите пишуваат дека е во сопственост на вицепремиерот Груби, велат дека според документи автомобилот се води на име на извесен Бекир Лимани.

Доколку го погледнеме и Анкетниот лист кој Груби го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, вицепремиерот нема возило „ауди“. Груби во анкетниот лист пријавил само едно возило, и тоа марка „цитроен ксара“ од 2001 година во вредност од 1.000 евра.