BBC oбјави две фотографии од Македонија за да ги прикаже убавините на феноменот метеорски дожд што се случува еднаш годишно.
Тој се случи ноќта помеѓу 12 и 13 август. Фотографиите се од два македонски градови, Кратово и Куманово.
За разлика од лани, кога Месечината беше премногу светла и метеорскиот дожд не можеше да се види со голо око, годинава метеорите беа многу позабележливи и можеше да се видат и до 100 метеори на час.
Жителите низ целиот свет можеа да го набљудуваат метеорскиот дожд Персеиди со голо око или преку телескоп.
Метеорите удираат во атмосферата на Земјата со брзина од 215.000 километри на час. Тие се големи како зрно грашок или како зрно песок. Треперливите остатоци не носат ризик за луѓето.