Бугарските медиуми јавуваат за голема нервоза на тој граничен премин. Беше објавена фотографија на весели Бугарки „кои одат на Бјалото море” на одмор а гужвата и чекањето на границата ја поминуваат со чалга, односно со оро пред автомобилите.

На моменти колоната достигнуваше седум километри на моменти. Ова ја принуди полицијата да го запре протокот кон Грција на места за да нема гужва пред контролниот пункт. И постепено поминаа стотина автомобили.

Потребни беа три часа за да се премине во Грција. Додека луѓето се влечкаа во колоната долга еден километар, тие дојдоа до десетици начини да се забавуваат – некои танцуваа на асфалтот, други направија плажа, други играа фудбал или вежбаа бадминтон. И четвртите стануваа нервозни и пиеја кафе.

И колоната со камиони беше огромна. Превозниците се надеваат дека од 1 јули, кога за нив ќе стапи на сила зелениот коридор, гужвата на границата ќе се намали.