Целосно нов мост во центарот на Штип. Со овој мост ќе се олесни движењето на возилата на оваа клучна сообраќајна раскрсница во градот. Мостот ги спојува двата булевара кај хотелот Оаза и гимназијата Славчо Стојменски.

-Изградбата на овој капитален проект е целосно финансиран од општината Штип и градоначалникот Иван Јорданов. Важно е да инвестираме за развој на Штип. Важно е да се случуваат промените, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.