Возилото пронајдено на патот кон Стража

Џипот кој бил користен при филмскиот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот превој Стража. Полицијата и Обвинителството работат на утврдување на идентитетот на сторителите и нивните движења по бегството од местото на настанот.

Активности на Обвинителството и прибирање докази

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар информираат дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издал повеќе наредби и насоки за целосно расветлување на случајот. Преземени се мерки за прибирање материјални докази, изземање на видео-снимки од надзорни камери и испрашување на сведоци кои се затекнале во близина на златарницата.

Грабеж пред очите на минувачи

(ВИДЕО) ФИЛМСКА КРАЖБА ВО ГОСТИВАР: Маскирани разбојници ограбија златара и побегнаа со црн џип

Според полициските информации, разбојништвото било пријавено вчера во 18:45 часот во СВР Тетово од В.П. од Гостивар. Четири маскирани лица, вооружени со автоматско оружје, влегле во златарница во близина на малиот пазар, однеле голема количина злато и побегнале со „БМВ“ без регистарски таблички. За да го отежнат движењето на полицијата, тие фрлиле бодликави жици на неколку локации низ центарот на градот.
На видеоснимките од местото на настанот се гледа како грабежот се одвива пред очи на случајни минувачи, кои во шок ја набљудуваат сцената без да реагираат.

Извор: Нетпрес