Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска оствари средба со Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово ЗАПВАРС, кои беа првите што излегоа со јавна поддршка кога независниот кандидат Димитривски ја најави неговата независна кандидатура. На средбата, тој се заблагодари што граѓаните ги препознаваат вредностите на граѓанскиот концепт За Наше Куманово.

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници од Регионалната занаетчиска комора Куманово.

„Занаетчиите се вредноста во нашето општество. Мора да се трудиме да направиме сè што е во рамки на нашата должност за да го подобриме овој сегмент, со повеќе стимулативни мерки и програми за развој. Со комората имаме одлична соработка, која продолжува и понатаму“, истакна Димитриевски.

На средбата, се дискутираше за промоција и развој на занаетчиството, како и други теми од оваа област.