Граѓаните се преплашени и коментираат дека „Див запад не ни е рамен“ по вчерашното пукање на јавно место. Очите на македонската јавност, но и на целиот регион се вперени кон пукањето во Ист Гејт каде мета беше Раде Трајковски – Штекли додека се враќаше од теретана во трговскиот центар.

Засега, Министерството за внатрешни работи не открива кој пукаше вчера во Ист Гејт, иако сликата на напаѓачот е јавно достапна.

За ова Твитерџиите дадоа свои коментари кои се преплашени, бараат одговорност, а дел од нив се и сатирични. Во продолжение може

Министерот вели се работи за пресметка на криминални групи. Посебен штаб во МВР ќе го расветлува случајот кој и зошто сака да го убие Раде Трајковски Штекли. Ова е втор пат за два месеци, во истиот трговски тој да се најде на мета на вооружени лица.

„Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал,“ кажа Спасовски.