Скандал по поткастот на Венко Крстевски: Перо Антиќ со жестока реакција поради обвинувањата кон Панчо – ДНК

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, гостувајќи во поткастот „Стадион“ на Канал 77, го обвини музичарот Панчо од ДНК како „главен виновник“ за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Според него, Панчо бил лицето што го предизвикало пожарот, а притоа не бил опфатен со обвинението. Крстевски дополнително наведе дека една недела пред несреќата, групата ДНК имала настап во скопска дискотека, каде пиротехниката што ја користеле, наводно предизвикала пожар кој бил изгаснат со кофа мраз.

Почина Панчо од ДНК, не успеа да се избори со повредите од трагедијата во „Пулс“

Панчо се лекуваше од повредите неколку месеци откако беше пренесен во приватната болница „Систина“, но поради сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта, на крајот не успеа да се избори — почина како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Перо Антиќ со остри зборови кон Крстевски

Два дена пред да почине Панчо од ДНК доби напад од в.д градоначалникот на Кочани. Најсилна реакција пристигна од поранешниот кошаркар и екс-претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, близок пријател на Панчо. Тој јавно го нападна Крстевски преку социјалните мрежи со серија навреди и остри зборови, обвинувајќи го дека злоупотребува трагедија за политичка корист.

„Имаш ли ти малку совест? Човекот што спасуваше луѓе се бори за живот, а ти за политички поени сееш лаги,“ напиша Антиќ во својата реакција, која брзо се прошири низ интернетот.

Еве ја целосната реакција на Перо Антиќ којшто не успеа да го контролира бесот по ваквата скандалозна изјава на Крстевски.

Еве го и целосното видео од изјавата на Крстевски.