По страшното невреме што го погоди Скопје, од јавното претпријатие Градски паркинг, информираа дека екипи на претпријатието се излезени на вонредна акција за расчистување на нередот на паркинзите и помош на сите граѓани на кои им е потребна помош.
Екипи на ЈП Градски паркинг се излезени на терен на повеќе локации во Скопје. Целта на оваа вонредна акција е расчистување на нередот на паркинзите и решавање на проблемите настанати од големото невреме кое го зафати градот. Воедно, претпријатието се става на располагање на сите граѓани на кои им е потребна помош во справување со последиците од невремето!, информираат од Ј. П Градски паркинг