Ова е нелегалната лиценца која коруптивно била издадена на дискотеката во Кочани. Фотографијата , односно документот од нелегалната лиценца е објавена на социјалните медиуми на страницата Скандал.
Претходно објавивме дека дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која утринава во катастрофален пожар загинаа 59 лица работела со фалсификувана лиценца која била издадена во периодот кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ, покажуваат првичните резултати од истрагата.
Радио Лидер објави дека на фалсификатот лиценца потпишана е Размена Чекиќ Дуровиќ – екс државен секретар на министерство за економија.
И министерот за внатрешни работи откри дека дискотеката немала легална лиценца за работа, а истрагата укажува на мито и корупција, со вклученост на поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.
„МВР, во соработка со Јавното обвинителство, осомничи над 20 лица за пожарот во ноќниот клуб во Кочани, од кои 15 се приведени во полициска станица“. Меѓу приведените во полициската станица се лица со директна вина за настанот, согласно собраните докази. Приведен е организаторот на настанот, за кој постои сомневање дека е еден од главните виновници, како и поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен раководител на сектор во истото министерство, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата“, појасни министерот.