Дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што утринава во катастрофален пожар загинаа 59 лица. Според нови информации дискотеката работела со фалсификувана лиценца која била издадена во периодот кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ, покажуваат првичните резултати од истрагата.

Радио Лидер дознава дека на фалсификатот лиценца потпишана е Размена Чекиќ Дуровиќ – екс државен секретар на министерство за економија, дел од тимот на Крешник Бектеши.

Размена Чекиќ Дуровиќ, соработничка на Крешник Бектеши
Размена Чекиќ Дуровиќ, соработничка на Крешник Бектеши

Според информациите, дискотеката со години работела во стар објект, кој бил целосно несоодветен за таква намена. Претходно, овој објект бил користен како магацин за теписи, без потребната инфраструктура за безбедно организирање настани со голем број посетители.

Oсвен Министерството за економија, кое е одговорно за издавање на лиценците, во случајот потфрлиле и други надлежни институции, како што се локалната самоуправа, Државниот пазарен инспекторат, Инспекторатот за животна средина, полицијата и противпожарната служба.

Истрагата продолжува, а јавноста бара одговорност од сите инволвирани во овој трагичен случај.