Пејачката Бритни Спирс објави вознемирувачки фотографии на кои позира крвава и врзана на подот.
Нејзините фотографии од костимите за „Ноќта на вештерките“ ги шокираа нејзините обожаватели.
„5:45… Пристигна… Вратарот рече дека дошла сама! Отиде на вечера со две девојки и се испи еден пијалак… Отишла со такси дома, но сосетката ја пронашла на подот… Тоа е мистерија… Кој би направил такво нешто. Имаше прекрасно семејство и секако дека ги немаше во близина“, напишала, меѓу другото, пејачката под објавата.
Нејзината долга објава ги збуни фановите.
„Девојко, што зборуваш?“, напиша еден обожавател на Бритни.
Некои обожаватели ја пофалија Бритни за нејзиниот реален костим за „Ноќта на вештерките“, додека други признаа дека биле шокирани од страшните фотографии.
„Ајде Бритни, не си играј така со нас“, „Буквално полудев мислејќи дека си повредена… Не плаши нѐ“, „Загрижена сум“, „Ова е црвено знаме и повикајте помош“, се само дел од коментарите под објавата.
View this post on Instagram