До тепачката помеѓу таксистот и родителот дојде најверојатно по пресекување на патот во сообраќајниот хаос кој рано изутрина е секојдневен декор во овој дел од градот, пренесува порталот Фактор.
Двете лица претходно си дофрлуваа погрдни зборови и пцовки, а физичката пресметка заврши со кршење на ветробрановото стакло на такси-возилото.