Австралиската комичарка Ребел Вилсон го објави раѓањето на нејзината ќерка Ројс Лилијан, што минатата недела ја доби со помош на сурогат-мајка.
Актерката ја сподели својата радост на Инстаграм.
-Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите вклучени (знаете кој сте), за ова се подготвував со години… Но, особено сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка, напиша глумицата, која е на почеток од петтото десетлетие од својот живот.
Исто така, рече дека е подготвена да ѝ ја даде „сета љубов што можете да ја замислите“ на малата Ројс Лилијан.
-Брзо учам… Многу почит до сите мајки! Горда што сум во вашиот клуб, додаде Ребел.
Вилсон во јуни откри дека е во врска со модната дизајнерка Рамона Агрум од Лос Анџелес.