Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.

Отсуството на највисоките претставници на државниот врв доаѓа во моменти кога Бугарија бара ексклузивно право токму над ликот и делото на Гоце Делчев, што е еден од предусловите за отстранување на ветото на нашиот пат кон ЕУ.