Денес заедно со нашите ученици, општинската администрација и работниците се приклучивме на големата еколошка акција на Град Скопје со која ги уредуваме јавните површини, го отстрануваме отпадот и создаваме почиста и поубава животна средина за сите наши граѓани, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
-НЕ ОСТАВАЈ ЃУБРЕ, ОСТАВИ ПРИМЕР!
ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ!
За почиста, поуредна и поздрава Општина Бутел!
Денес заедно со нашите ученици, општинската администрација и работниците се приклучивме на големата еколошка акција на Град Скопје со која ги уредуваме јавните површини, го отстрануваме отпадот и создаваме почиста и поубава животна средина за сите наши граѓани.
Продолжуваме посветено да се грижиме за нашата општина затоа што чиста и уредена општина Бутел е заедничка одговорност и наша заедничка иднина.
Заедно за почист Бутел!, пишува во својата објава Костовски.
