Ѓорѓиевски и Тошковски го започнаа денот со пешачење низ Градскиот парк и порака за здравје и позитивна енергија

Ѓорѓиевски и Тошковски го започнаа денот со утринско пешачење низ Градскиот парк во Скопје. Пренесувајќи порака за здрав живот и позитивна енергија. Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прошета во придружба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во раните утрински часови.

„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи, додавајќи дека ваквите моменти носат инспирација и сила.