Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започна поставувањето на мостот на Момин Поток, дел од инфраструктурниот проект кој со години предизвикува сообраќаен метеж на овој потег.
Уште на почетокот на јануари, Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот.
