Пукна брука и со манифестацијата организирана од страна на градоначалникот на Крива Паланка од редовите на владејачката партија, Сашо Митовски.

Имено на нивната официјална страна на Фејсбук објавија дека градоначалникот заедно со министерот Љупчо Николовски го пречекале Здравко Чолиќ, но очигледно како и за секое ветување во земјава, сакаа да изманипулираат и со ова.

За жал, наместо на фотографиите да биде Здравко Чолиќ, на нив беше Владо Георгиев кој имаше концерт на „Џојфест“ изминатата вечер.

Бруката да биде поголема, нивниот пост стоеше непроменет со часови, а дали навистина двајцата не знаеле со кого се фотографираат и ракуваат е само мистерија…