Утрово можевме да забележиме слаб интернет, проблеми со воспоставувањето на повици, па дури и проблем со платежните картички. Граѓаните се нервозни, многумина не можеа да се вклучат на работа, а проблемот го насочуваат кон двата најголеми телекомуникациски оператори.

Според објавите на профилот на Никола Николовски – Боемот, најголемиот телекомуникациски оператор Телеком се соочува со проблеми, а тој на својот профил сподели и одговори од читатели кои потврдуваат дека и на А1 падна мрежата и дека имаат проблеми со интернетот. Авторот потврдува за тоа дека паднала мрежата на Телеком, а за А1 се повикува на читатели.

„Телефонската мрежа не беше во функција, освен тоа ми покажуваше и call failed и не можев да воспоставувам повици“ е еден од коментарите.

Повеќе може да забележите во продолжение.

   

За ова се огласија од операторот Телеком и се извинија на граѓаните.

„Во моментов се соочуваме со технички пречки кај дел од услугите на чие отстранување интензивно работиме. Се извинуваме за непријатностите“, велат од Телеком.

За овој проблем имаше и реакции на Фејсбук.