Социјалните мрежи вријат од коментари, граѓаните се револтирани од вчерашниот потег на Левица да се посети гробот на Енвеер Хоџа. Твитер, Фејсбук и Инстаграм се полни од коментари кои се негативни.
Комантерите се за тоа што по повод 38 годишнината од смртта на Енвер Хоџа, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна.
Левица ова го објавија на нивниот Фејсбук профил и Енвер Хоџа го опишаа „Како посветен и антиревизионистички левичар“. Во текстот кој го објавија на Фејсбук напишаа многу комплименти за Енвер Хоџа, а тоа наиде на жестоки реакции од народот.
Додека официјалната Фејсбук страница му нареди низа комплименти на комунистот Хоџа, социјалните мрежи вријат од коментари. Она што овој пат изненадува е тоа и членови на самата партија му свртија грб на Апасиев по оваа објава.
Коментари има и на самата објава на Левица, а истите може да ги погледнете во продолжение.
И други Фејсбук профили го осудија ова, еден од нив е и Фуркан Салиу.
Со свој коментар се јави и „Приказни од булеварот“ кој потсети дека Левица двојазична партија под името „E Majta“.
Од коментари врие и Инстаграм, а еден од нив е и популарниот Инстаграм профил „Патриотско друштво“ кој вели „Прашајте ги Македонците од Пустец што мислат за Енвер Хоџа“.
На Инстаграм масовно се ширеа и „мемиња“ од Апасиев.
View this post on Instagram
Со свој коментари се јавија и на Твитер, а таму реакциите се најбурни.