Според видео камерите утрово од македонска страна за влез во соседството се чека и тоа според нашите информации од половина час, па се до цел час.
Сезоната во Грција тече со полна пареа, особено откако се олеснети правилата за влез и излез од земјата.
Македонските граѓани како и останатите наши соседи за влез во Грција треба да приложат сертификат за примени две дози од вакцината, негативен тест или пак доказ за антитела како и да пополнат документ за влез во Грција.