(ФОТО) Гужва на ГП Богородица дури и во работен ден

Утрово на граничниот премин „Богородица“ за влез во соседна Грција има повторно гужва.

Македонија 06.07.2021. 10:09

Според видео камерите утрово од македонска страна за влез во соседството се чека и тоа според нашите информации од половина час, па се до цел час.

Сезоната во Грција тече со полна пареа, особено откако се олеснети правилата за влез и излез од земјата.

Македонските граѓани како и останатите наши соседи за влез во Грција треба да приложат сертификат за примени две дози од вакцината, негативен тест  или пак доказ за антитела како и да пополнат документ за влез во Грција.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст