Самиот факт што денеска е неработен ден, а станува збор за петок (работен ден во соседна Србија) македонските граѓани го искористија за бесплатното вакцинирање во најблиските градови во Србија како Врање и Ниш.
Српските власти инаку најавија дека македонските граѓани ќе може да се вакцинираат без никакви документи што го олеснува процесот на вакцинација, ниту пак треба да чекаат термин.