„Жална Кисела Вода“, коментираат жителите на скопската општина откако денеска се разбудија со реки по улиците и поплава од дождот кој го зафати главниот град.

Со општината четири години владее градоначалникот од СДСМ Филип Темелковски.

Метеоролозите најавуваат дека денеска во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови.