Голем пожар во стан во Кисела Вода
Голем пожар избувна доцна синоќа во стан во Кисела Вода, во близина на општинските бараки. Според првичните информации, полесно се повредени тројца станари, но и еден пожарникар. Им била укажана лекарска помош. Еден стан е целосно изгорен. Неколку пак се зафатени од огнената стихија, оставајќи дел од жителите без покрив над главата.
МВР и пожарна со брза интервенција
Повеќе противпожарни екипи веднаш интервенирале и успеале да го локализираат пожарот и да спречат поголема катастрофа. Помош имало и од екипи на МВР, во обезбедување на областа и во евакуацијата на станарите, кои беа згрижени во просториите на општина.
Градоначалникот најави помош
На самото место беше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека општината ќе помогне со сите расположливи ресурси за да се надмине ситуацијата.