Од Италијанската цивилна заштита ги предупредиле жителите на регионите Умбрија, Лациум, Абруцо, Молизе, Кампања, Базиликата, Апулија, Калабрија, Сицилија и Сардинија, вечерта од 8-ми на 9-ти мај да останат во затворени простории, бидејќи постои можност остатоците од кинескиот сателит, кој без контрола паѓа кон Земјата, да завршат во делови до тие италијански региони.
Според зборовите на директорот на Цивилната заштита Фабрицио Курчи, кои ги пренесува агенцијата “Ansa”, постои мала веројатност деловите од сателитот, дури и ако паднат, да оштетат згради, но граѓаните за секој случај се советуваат да останат зад затворени врати.
Како што е веќе соопштено, остатоците од кинескиот сателит, кој во орбитата е без контрола, според проценките на кинеските експерти треба да паднат во море, но постои и мала веројатност да завршат некаде каде што не е планирано.
Our latest prediction for #LongMarch5B CZ-5B rocket body reentry is 🚀 09 May 2021 04:19 UTC ± 8 hours along the ground track shown here. Follow this page for updates: https://t.co/p2AU9zVEpA pic.twitter.com/rsE6yzcnHb
— The Aerospace Corporation (@AerospaceCorp) May 7, 2021
Ракетата “Long March 5Bv” била лансирана минатата недела и тоа е втора ракета од тој тип која од мај минатата година е лансирана во вселената.
Остатоците од “Long March” кои паднале на Земјата по минатогодишната мисија, биле тешки околу 20 тони.