Секојдневно се истураат десетици инспектори во неговата продавница преку кои се вршат притисок.

Имено, Борче Спасовски имал две средби со претставници на СДСМ , една во месец Јуни една во Јули, посредник за средбите бил извесен Ивица Цветковски. Од овие средби постои и една фотографија, до која стигна редакцијата на Лидер.

На првата средба на актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ му било понудено да се кандидира за градоначалник од СДСМ, исто така му било гарантирано дека ќе победи и дека ќе добие големи финансии за кампања.

Тој ја одбил понудата на СДСМ и одлучил да се кандидира преку ВМРО-ДПМНЕ при што почнал притисокот кон него.

По основањето следувала уште една среда со Ивица Цветковски и со Небојша Трајковски кој е директор на УЈП за град Скопје, на која му биле упатени безброј закани.

– Доколку се кандидираш од ВМРО ќе ти го затвориме маркетот а во затвор ќе одиш и ти, му се заканиле двајцата социјалдемократи на Борче Спасовски.

Од тогаш, се чини СДСМ почнале да ги реализираат заканите.