Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, објави дека пожарот во село Кучково е целосно изгаснат.
-Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во с.Кучково.
Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа. Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна. Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни, вели градоначалникот.