Принцезата Шарлин од Монако на својот Инстаграм профил сподели фотографии за Велигден. Таа за празникот позираше заедно со својот сопруг, принцот Алберт и децата. Ова се први фотографии кои принцезата, која ја нарекуваат „најтажната принцеза во светот“, ги сподели по враќањето од психијатриската установа.

Пријателите во коментарите и посакаа среќен Велигден, пишувајќи и дека се надеваат дека добро закрепнува.

„Среќен Велигден. Се надеваме дека закрепнуваш со цел повторно да можеш да уживаш во својот живот и семејството. Се започнува од тоа да бидеме здрави“, „Прекрасно, биди среќна и здрава“, „Драго ни е што си се вратила дома“, гласеа некои од коментарите.

На една од фотографиите објавени на Инстаграм Стори принцезата седи со семејство во црква.

Шарлин се врати во Монако минатиот месец откако четири месеци ги помина во установа за менатално здравје. Палатата по нејзиното враќање истакна дека Шарлин е подготвена да продолжи со кралските должности покрај сопругот Алберт и своите деца, близнаците Жак и Габриела.

„Нејзиното враќање дома е резултат на одличната грижа која ја имаше во клиниката, а сето тоа го одобрија и нејзините психијатри“, изјавија од палатата.