Семејството на Хари и Меган е побогато за друг член, симпатично мало девојче, чие име може да ги смири страстите во кралското семејство. И последната објава на официјалниот профил на Вилијам и Кејт, кои им се обратија на Хари и Меган со емотивни зборови, покажува дека се на добар пат да го сторат тоа.

– Воодушевени сме од веста за доаѓањето на бебето Лили. Честитки за Хари, Меган и Арчи – се наведува во соопштението на војводата и војвотката од Кембриџ, со винтиџ фотографија направена за време на бременоста на Меган.

Објавата за кратко време собра голем број „лајкови“ и коментари, кои беа главно позитивни.
Односите меѓу браќата беа на тенок лед откако Хари со сопругата одлучи да се повлече од кралските должности. Иако реши да го води својот живот далеку од семејството, Хари не ја криеше желбата да ги подобри односите со неговиот брат.

Првите чекори кон помирувањето беа направени на почетокот на оваа година, во април, на погребот на војводата од Единбург, кога Хари и Вилијам беа фотографирани за време на разговорот. Останува да видиме дали бебето со симболично име повторно ќе го приближи семејството.