Денеска одново километарски колони на граничните премини за влез и излез од државава. На Богородица за излез и на граничниот премин Табановце за влез во државата претпладнево има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час.
Информации од терен за Радио Лидер велат дека гужвите на Богородица достигнуваат и до два часа за излез од државава.
ФОТО и видео од граничниот премин може да погледнете ТУКА.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.