Ким Кардашијан секогаш остава силен впечаток на Мет галата, а нејзиното овогодишно појавување не беше исклучок.
41-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ се трансформираше во Мерилин Монро и ги насочи сите погледи кон себе на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
Ким се појави со руса коса, облечена во гламурозниот фустан од Жан Луј, кој Мерилин Монро го носеше во 1962 година за да му посака среќен роденден на претседателот на САД Џон Кенеди. Покрај неа беше нејзиното момче Пит Дејвидсон.
Никој друг освен Монро досега не го носел овој фустан со 6.000 рачно шиени кристали, кој беше купен на аукција во 2016 година за 4,8 милиони долари од музејот „Ripley’s Believe It Or Not“. До ден-денес, фустанот го држи рекордот за најскап фустан продаден на аукција.
За да се собере во фустанот, Ким требало да ослаби, но со строга диета и физичка активност, брзо си ја постигнала целта.
„Беше или ова или ништо. Носев костим за слабеење двапати дневно, трчав на трака, целосно ги исфрлив јаглехидратите и шеќерот и ги јадев само најчистите зеленчуци и протеини. Не се изгладнував себеси, но бев многу строга“ – рекла таа за промените во начинот на живот.