Во објава на Фејсбук, СДСМ ја обвинува Владата за неспособност во справување со шумските пожари. Сепак, фотографијата што ја придружува оваа порака не е направена во Македонија. Сликата е од пожар во Галиција, Шпанија, како што може да се потврди преку алатки за проверка на слики (reverse image search) и поврзани глобални бази за фотографии.
Политичка манипулација во време на криза
Во време кога земјата се соочува со големи шумски пожари, вакви акции целат на ширење паника и неверодостојно политичко обвинување. Наместо конструктивна дискусија или понуда за решенија, фотографијата од Шпанија беше искористена како средство за дискредитирање.
Очигледно е и манипулирањето на самата слика, како зумирање, замаглување и одредени измени.
Тактиката на СДСМ е следна – чувство на изолација. Целта е да се прикаже дека Македонија е во уникатна позиција на неспособност за справување со пожарите, но вистината е дека целиот регион се бори со пожари.
Манипулација со бројки, слики и кризни ситуации: Позната и постојано употребувана тактика на СДС – политички поени од трагедии.
Каква беше ситуацијата со пожарите во мандатот на СДСМ?
Проблем со опрема и возен парк (2017–2023)
Според извештајот на Државниот завод за ревизија од 2022 година, пожарникарните единици располагале со само 104 возила за гаснење пожари, со просечна старост над 24 години, а најстарите возила датирале од 1966 година. Возилата не обезбедувале брза реакција, сигурни и безбедни услови за гасење, особено во непристапен терен.
Владата оваа година стави во употреба на 38 возила за гаснење на пожарите, тоа е повеќе од 30% од возилата кои биле користени во 2022.
Воздушната поддршка беше речиси непостоечка, а СДСМ не ги обучија и ангажираа ниту „потенцијалните пилоти од Арачиново“
Анализата покажа дека дел од подружниците на ЈП „Национални шуми“ или немале сопствени противпожарни возила, или користеле возила постари од 20 години, што ја доведува во прашање нивната техничка исправност и оперативна способност
Според податоците на EFTIS/Copernicus, опожарената површина се зголемила од околу 11,5 km² во 2014 година до над 114 km² во 2021 година
Одговор од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ доби одговор од владејчката ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнаа дека „СДС е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата.“
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија и дека за седум години власт, СДСМ наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавувала комотни возила за своите функционери.