Во овие моменти во Охрид се оддржува состанок на „Отворен Балкан“ чии домаќин е Македонија.
Освен актуелните членки Македонија, Србија и Албанија, гости се и преставници од Црна Гора и БиХ.
Обраќање на самитот имаа и Оливер Вархеј и Габриел Ескобар.
На самитот преку видео врска се обрати и американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој истакна дека можностите на Западен Балкан се огромни, не само на економска и регионална соработка, туку и на евроинтеграциска.
-Би сакал да истакнам дека ова е одлична иницијатива, се надевам дека оваа иницијатива ќе се прошири со уште членки. Ги охрабрувам лидерите на земјите членки да го усогласат „Отворен Балкан“ со другите иницијативи на Западен Балкан. Земјите од регионот може да сметаат на помошта од САД во однос на економијата, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција, рече Ескобар.
Но она што ни привлече внимание на овој самит е групната фотографија која ја направија преставниците од „Отворен Балкан“.
Имено на фотографијата на која според протоколот македонскиот премиер треба да биде во средина, бидејќи е домаќин, на тоа место се наоѓа Еди Рама, а Ковачевски скроз на крај, место предвидено за гостите.
Па оттука се поставува прашањето кој е домаќин на самитот на „Отворен Балкан“ кој се оддржува во Охрид?